Екипите на Кафе бар 9 и Хотел и Спа Инекс Олгица се пласираа во полуфиналето на 50-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта.
Во четвртфиналето, вечерва, екипата на Кафе бар 9 го совлада Брумел со 2:0, додека Хотел и Спа Инекс Олгица со 3:1 славеше над екипата Аце Најдески.
Четвртфиналето ќе биде комплетирано во четврток со преостанатите натпревари.
10.07.2025, четврток, 1/4 финале
21:00 АСП ПАК – Кампинг Љубаништа
22:00 Сатеска – Кафе Бар Коко
Г.М.