Дел од водата од крајбрежјето на Охридското Езеро, утрово беше изразито кафеава. На површината се забележуваше кафеав талог, кој според кажувањата на охридските кајчари е резултат на пустинскиот дожд, полн со прашина кој наврна во текот на ноќта.
Стручните лица изразуваат сомнеж дека оваа појава е последица на врнежите од дожд, укажувајќи на големата пречистителна моќ на езерската вода, освен ако не станува збор за посериозни загадувања на водата.
Од Центарот за јавно здравје кој редовно врши испитување на водата од Охридското Езеро, информираат дека утрово се земени примероци од крајбрежјето и дека резултатите од испитувањето ќе бидат познати за пет дена.
Според последните испитувања направени во месец април, во најголем дел водата од Охридското Езеро, вклучително и во центарот на градот е од прва катетегорија.
На шест компании кај кои се констатирани низа недоследности им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференциј...
Угината единка од Балкански рис (Lynx lynx), возрасна женка, е забележана денес околу 0600 часот на патот Охрид – Ресен, кај с Буково, информираат од Државниот инспекторат за животна средина Надлеж...
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,67 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работ (УХМР) Тоа е за 28 сантиметри над просе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.