Настап на светското младинско првенство во Италија , поставен нов рекорд на 300 метери , прво место на 100м на државниот натпревар за средни училишта во дресот на охридската Гимназија, како и голем број настапи на балканските првенства се успесите на младиот атлетичар Филип Кафатноски по кои ќе ја памети гоидната што изминува.
За Кафтаноски кој годинава се закити со двојна круна во домашното првенство спортски настан на годината е Светското Првенство во Италија за млади.
– Светското Првенство за млади во Италија е настанот за годината. Во Италија имав можност да се натпреварувам со атлетичари од целиот свет, и да видиме до каде сме во светски рамки. Ваквите натпревари и тоа како помагаат кон стекнување на значително искуство , како и уште поголема желба за тренирање и љубов кон атлетиката И да не заборавам тука е секако и зголемувањето на кругот на пријатели со атлетичари ширум планетата.
Слабата конкуренција и техничката подршка се најгорливите проблеми во атлетиката во Македонија.
– Состојбата во нашата земја не е најдобра. Првиот проблем е слабата конкуренција, од младите па се до сениорските категории. Техничката подршка е слаба бидејќи на повеќето државни натпревари во текот на годината не функционира електронското мерење, и нема реален резултат во тркачките дисциплини каде не се бара рачен резултат.
Македонија е се уште во расчекор со светските трендови.
– Поставувањето на тартан подлогата само по себе не значи дека преку ноќ ќе се сменат таботите. Во секој случај очекувам таа да биде потстрег многу повеќе младите да се занимаваат со “кралицата на спортовите“. Добрата инфраструктура ќе ги подобри нашите резултати а само со макотрпна работа може да се очекува да се приближиме на резултатите на атлетичарите во другите земји.
За наредната 2010 година, ohridnews му посакува на Кафтаноски многу здравје, помалку повреди и достојно преставување на Охрид и Македонија на натпреварите ширум светот.
Пред почетокот на натпреварот од плеј-офот помеѓу Охрид и Вардар, што се одригра вечерва во салата „Билјанини извори“, охридската публика и ракометарите на двата тима, со аплауз ги поздравија пионе...
Ракометарите на Охрид загубија од Вардар во 8 коло од плеј-офот 21:25, полувреме 12:11 „Гладијаторите“ во чии редови недостигаат стандардни првотимци, пружија силен оптор на Вардар кој сепак во вто...
Дерби натпреварот од 8 коло од плеј-офот се игра вечерва во салата „Билјанини извори“ каде ГРК Охрид ќе го пречека Вардар Натпреварот почнува во 18:30 часот На три кола до крајот на првенството Вар...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.