Капитенот на „кариоките“ од 2002 година, Кафу кој ја имаше ретката можност да го подигне трофејот од Мундијалот ќе навива за Германија, а секако дека фаворит број еден му е неговата земја.

Околу фудбалерите, фаворит на Кафу е германскиот репрезентативец Бастиан Швајнштајгер.
– Тој е беспрекорен фудбалер. Игра на неколку позиции и секој тренер-селектор сака да го има во екипата или селекцијата. И мислам дека ќе ги засени сите фудбалери на Светското првенство. Исто сакам да го пофалам и Филип Лам, кој игра на двете бековски позиции – заврши Бразилецот.
Мх.П.











