СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46- годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 16- ти септември , при претрес во домот на охриѓанецот, полициските инспектори пронашле околу 10 грама грама опојна дрога хероин.

Пријавениот хероинот го спакувал во една алуминиумска и две најлонски помали опаковки. Дополнително пронајдени се и една алуминиумска фолија,  лажичка со траги од опојна дрога, рачно изработена алуминиумска цефка со траги од опојна дрога како и други предмети.

Пријавениот е лице познат на службата против кого, по слични основи и досега биле поднесувани кривични пријави.

OhridNews