Како што најавува првиот човек на претпријатието, Сашо Алчев, по завршувањето на новото зелено катче кај кружниот тек на улицата „Јане Сандански“, деновиве започнуваат активностите за расчистување на просторот кај охридската Саат кула, во стариот дел од градот.
– Ќе се расчистува просторот, а потоа ќе започнат активностите за градење на шеталиште и детско игралиште, вели Алчев.
Тој додава дека ако дозволат временските услови, во наредните денови ќе се врши и оплеменување, хортикултурно уредување на парковите на градскиот кеј од пред хотелот Палас, па се до Билјанини извори.