Кај 18 месечно и четиригодишно дете, примени на Клиниката за детски болести во Скопје, е дијагностицирана западнонилска треска.

4- годишното дете е пуштено на домашно лекување, додека пак помалото сеуште е во болница. Двете деца пред две до три недели престојувале во Грција.

Стручните лица укажуваат дека најризични категории се постарите лица, деца и луѓе со намален имунитет.  Болеста не се пренесува од човек на човек, туку преку убод од заразен комарец.

OhridNews