Поради изведба на градежни работи за изградба на сместувачки комплекс во месноста Горица, на локацијата на поранешниот хотел „Парк“, уништен е делот од постоечкиот пат. Од локалната самоуправа информираат дека градежните работи таму се одвиваат согласно важечките урбанистички планови, според кои предвидена е дислокација на постоечкиот пат на исток.

-Сегашното решение е времено и претставува врска помеѓу едниот и другиот пат, кој повторно ќе биде поврзан, но по изменета траса, објаснуваат од Секторот за урбанизам при општина Охрид.

На просторот кај Горица покрај започнатиот ќе се гради уште еден објект со димензии П+4+Поткровје, наменет за туристичка дејност.

OhridNews