Локацијата на која се наоѓа хотелот на Македонска пошта согласно генералниот урбанистички план влегува во зоната за хотелско сместување и според тоа овој објект може да биде реновиран или пак на негово место да биде изграден нов хотел, објаснуваат од Секторот за урбанизам. Тоа сепак зависи од одлуката на новиот сопственик, охридскиот бизнисмен кој неодамна го купи објектот, меѓу охриѓани познат како хотелот на ПТТ.


Просторот пред овој објект по пат на денационализација вратен им е на некогашните сопственици. Согласно урбанистичкото решение на овој дел предвидени се уште три нови објекти, кои според информациите од локалната самоуправа исто така се наменети за хотелско сместување. 


 
Нацрт планот за овој потег е изработен и наскоро ќе оди на јавна анкета.

OhridNews