Градоначалникот Александар Петрески на денешната средба со делегација  на Сојузот на пензионерите од општините Охрид и Дебрца  предводена од претседателот Ѓорѓи Трпчески, соопшти дека при крај се активностите за изградба на нов Дом за пензионери. Домот ќе се гради на локација во близина на хотелот „ Магнус“ .

-Како што Ви ветив , Локалната самоуправа го донесе урбанистичкиот план и ја утврди локацијата за  изградба на Дом за пензионери .Локацијата е 8.500 ,а основата на објектот ќе биде 1.000 метри квадратни. Реализирањето на проектот се очекува да започне по 1- ви јули, кога според најавите,  земјиштето треба да премине во сопственост на општината.Во тек се и преговори за изнаоѓање инвеститор за изградба на објектот – рече градоначалникот Петрески.

На средбата беше договорено да се разгледа предлогот на пензионерите за бесплатен превоз на пензионерите од приградските населби  до Охрид секој понеделник,како и можноста локалната самоуправа да помогне во издавањето на пензионерскиот весник, информираат од локалната самоуправа.

OhridNews