1.678 разни производи (плински решоа, ѕидни часовници, столни ламби, мерачи за должина, ташни за компакт дискови, бижутерија и др.), откриени се од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски камион, извршена на патниот правец Кичево-Охрид, кај селото Мешеишта. Возачот на возилото, македонски државјанин, не поседувал документи за потекло на стоката и платени увозни давачки.

Царинските службеници во текот на минатата недела, на граничниот премин Ќафасан откриле и 12.200 евра, при личен претрес на албански државјанин, кој како патник во албански автомобил се пријави за влез во државата. Возачот (албански државјанин) и патникот изјавиле дека немаат ништо за царинска контрола, но при личен претрес, кај патникот е пронајдени коверт со 17.200 евра, а во џебот од палтото, пронајдени се уште 5.000 евра. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата.

OhridNews