Шест рибарски мрежи, половина килограм пластични тапи за рибарски мрежи и четири макари конец, откриле царинските работници на граничниот премин Свети Наум, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата.
Непријавените производи, пронајдени во рачна торба и кеса, сместени во просторот кај моторот, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.
OhridNews