Доцна синоќа при претрес во домот на Б.Т.  познат наркозависник од Охрид, пронајдена е извесна количина опојна дрога хероин, како и поголема количина техничка стока: мобилни телефони, дигитален фото апарат, рачни станици, платнена чанта со поголема количина накит, прстен, часовник, ракавици, сигнален пиштол, искористен шприц и друго, соопшти СВР Охрид. Според полицијата пронајдените  предмети се одземени во кражби.

Во домот бил затекнат и Д.Ѓ. исто така познат наркозавиник.

По целосно расчистување на случајот, полицијата ќе поднесе соодветни пријави.

OhridNews