На просторот на кој до неодамна се наоѓаа неколку времени објекти, меѓу  основното музичко училиште „Методи Патче“ и некогашниот Мини маркет,  ќе се гради современ плоштад, најави денес градоначалникот Никола Бакрачески.

Активностите кои се реализираат со средства од локалната самоуправа, а во соработка со јавните претпријатија, се во тек.

Овие активности се во рамки на нашите напори за уредување на позначајните места во централното градско подрачје. Решивме да го уредиме и ова место кое во минатото изгледаше неугледно и беше нагрдено со нелегални  времени објекти. По нивното отстранување, решивме да го претвориме ова место во убаво катче каде охриѓани кои живеат во овој дел од градот ќе може да се одмараат, а најмладите да играат и се забавуваат, рече Бакрачески.

Плоштадот ќе има поплочени пешачки зони, просторот хортикултурно ќе биде уреден, ќе бидат поставени клупи за седење и фонтана, детски реквизити, а ќе биде поставено и странично и подно осветлување.

Според акциониот план, предвидено е активностите за изградба на плоштадот да завршат до 19 јануари.

Т.К.