Како што информираат од СВР- Охрид, попладнево околу 15 часот, во близина на охридското село Опеница, било пронајдено безживотно машко тело. Случајот до СВР- Охрид бил пријавен од страна на случаен минувач кој во близина на селото собирал лековити билки.

Увидот е во тек и се работи на расчистување на случајот, а телото ќе биде предадено на обдукција со цел да се утврдат причините поради која настапила смртта, како и да се утврди идентитетот на лицето.

Пред неколку дена, во СВР- Охрид било пријавено исчезнато машко лице, жител од околните села каде што е пронајдено телото.

OhridNews