Куршуми, непозната прашкаста материја и таблети пронашла вчера полицијата при претрес на стан во Струга во кој престојувал А.В(25), син на поранешен висок фукционер.

 Според полицијата, во станот на улица „Димитар Влахов“ завчера помеѓу 12 и 16 часот биле пронајдени и одземени вкупно 18 куршуми калибар 7,65мм, три куршуми калибар 6,35 мм , едно шише со непозната прашкаста материја со натпис „Кетанол“ и кутија со 484 таблети.

 Одземените предемети ќе бидат доставени во МВР на вештачење, а против А.В  ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на МВР.

 Според неофицијални и непотврдени информации, ова лице било вмешано и во последното пукање кај женска плажа во Струга, кога беа ранети три лица.

OhridNews