Веднаш била информирана охридската Дирекција за заштита и спасување, по што биле превземени активности за отстранување на бомбата.
Како што информираат од дирекцијата, станува збор за бомба која датира од првата светска војна, како и неексплодираните убојни средства кои беа пронајдени при акцијата за чистење на дното од Охридското езеро од страна на екипите за подводно деминирање при Дирекцијата за заштита и спасување.