Албанската полиција, утрово, во областа Карабурум кај Валона, открила вкупно 841 килограм дрога од типот марихуана. По добиени сознанија во потрагата во наведената област од каде што најчесто тргнуваат моторни чамци за Италија, откриени биле 38 големи вреќи со овој вид на дрога . Полицијата информираше дека се трага по лицата кои ја оставиле дрогата, за потоа да  биде пренесена од други групи на шверцери во Италија.

Дрогата по се изгледа била одгледана во Албанија и била наменета за италјанскиот нарко пазар.

Кај Карабурум е најтесниот дел на јонското море меѓу Албанија и Италија.

OhridNews

извор:Макфакс