Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишно лице од Велес.

– На 17 февруари оваа година, при претрес во стан на булеварот „Туристичка“ во Охрид, каде пријавениот привремено престојувал, пронајдени се три куршуми калибар 6,35 милиметри од српско производство. По извршени проверки, констатирано е дека лицето не поседува дозвола за поседување и носење на огнено оружје. При претресот извршен по наредба од Судија во претходна постапка, полициските службеници пронајдоа една најлонска паковка со бела прашкаста материја, како и една пластична чаша со кафеава прашкаста материја, информира портаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Пронајдените предмети се одземени и се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. По добиените анализи, против велешанецот и по овој основ ќе биде поднесена кривична пријава.

OhridNews