Во организација на Кајак кану клуб „Ехо“ од Охрид утре на 11 август со почеток во 08 часот во водите на Охридско Езеро ќе се одржи Државно првенство во кајак на мирни води -Шпринт .

Стартот на натпреварувачката патека е пред хотел Милениум, а финишот пред Хотел Палас. Натпреварот ќе се одржи во сите категории и дисциплини.