Со погодокот во победата 4-1 на Реал Мадрид над Ајакс, Кака стана најефикасниот бразилец во Лигата на Шампиони со 28 голови. Од тронот Кака го сруши Ривалдо кој застана на 27 голови во ЛШ.


Поголем број од головите во Лигата на Шампиони, Кака ги постигна во дресот на Милан. Бразилецот шест години ги бранеше боите на Милан пред да направи трансфер во шпанскиот гигант Реал Мадрид.


Мх.П.