Со започнувањето на зимскиот преоден рок започнаа шпекулациите за трансфери на “ѕвездите“. Менаџерот на “црвените ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон “шушка“ околу ангажирање на бразилецот Кака.


Британскиот весник “Дејли Меил“ пренесува како “стариот лисец“ сака да го земе Кака на позајмица до крајот на сезоната, со можност потоа да го откупи целиот договор за 55 милиони.


За иднината на поранешниот фудбалер на “росонерите“ Кака се зборува веќе подолг период. Интер по назначувањето на Леонардо за тренер јавно искажа наклонетост кон бразилецот додека Манчестер Сити и Челси се “болни“ да го видат Кака во нивните редови.
Додека клубовите се натегаа кој да го доведе во своите редови, Кака` се опорави од повредата и се најде на списокот играчи за утрешниот натпревар на Реал Мадрид против Гетафе.
Мх.П.