Баерн Минхен ја “копираше“ Барселона, но во Бундес Лигата совладувајќи го Хофенхајм со 7-1. Серијата за “бавараците“ ја отвори Гомез, кој натпреварот го заврши со хет трик, холандскиот репрезентативец Робен постигна два погодоци додека по еднаш прецизни беа Крос и Рибери. Почесниот погодок за Хофенхајм го постигна фудбалерот на Баерн Минхен, Луис Густаво.

Резултати: Баерн Минхен – Хофенхајм 7-1, Волфзбург – Леверкузен 3-2, Келн – Херта 1-0, Мајнц – Нирнберг 2-1, Менхенгладбах – Фрајбург 0-0, Аугзбург – Дортмунд 0-0.

Табела : Дортмунд 55, Баерн Минхен 51, Менхенгладбах 48, Шалке 44. . .

Мх.П.