На овој начин најдобро ќе ги решите проблемите со црвени и отечени очи,или безживотен тен…

Поради непроспиените ноќи, очите можат да бидат отечени со испукани капилари. Црвенилото ќе го отстраните со капки за очи, меѓутоа да не ги користите долго бидејќи може да ја влошите ситуацијата.
Исто така внатрешната страна од капакот исцртајте ја со бело моливче за очи за тие да бидат отворени и свежи. Ако излегувате, преку целиот капак на очите ставете неутрална боја со средна нијанса, а на внатрешната посветла сенка.

Отечени очи
Ако очите ви се отечени, ставете две парчиња свежа краставица на капаците и оставете ги да стојат 10 минути. Краставицата со ладење ќе ги затегне крвните садови во капаците и отокот би требало да го нема за неколку минути. Бидејќи краставицата ја лади кожата, ова својство ќе помогне во опуштање на изморените очи па ќе изгледате освежено. Ист ефект би требало да се постигне со оладени вреќички чај.

Како да се ослободите од подочниците?
Ништо не вели појасно „потребен ми е сон“ од подочниците! Прекријте ги со коректор за нијанса посветол од вашиот тен. Повеќето коректори за подочници содржат рефлектирачки честички. Тие придонесуваат за свеж изглед на лицето, но важно е да не ги мешате со хајлајтер. Тие се за осветлување на зоната на лицето, а не за прикривање на подочниците. Хајлајтерите се послабо пигментирани и посјајни од  коректорите. Коректорот ставете го во случај пудрата и хајлајтерот да не се доволни.

Безживотна боја на тенот
Безживотната кожа на лицето можете да ја ревитализирате со помош на неколку вкусни и евтини намирници кои содржат овошни киселини и витамини. Може да направите и некоја домашна маска за освежување.

извор:zenstvena.com