На 40 страници, десеттото, јубилејно издание на веќе етаблираниот магазин “Наше Здравје“, кој од печат излезе денеска, донесува корисни информации и совети, разговори со стручни лица и експерти на актуелни теми од областа на здрвјето и современиот живот.

Овој јубилеен десетти број ја следи логиката на летото. Настојувавме да ги пресретнеме потенцијалните проблеми кои се рефлексија на овој период од годината и да понудиме точни согледувања. Доктор Сашо Ѓорѓиоски од Специјалната очна болница „Деница“ од Скопје нуди конкретни предлози и совети како да ги заштитиме очите во жешките денови, а се осврнуваме и на алергискиот ларингит и пеленскиот исип во топлите денови. Нашите експерти се осврнуваат и на темите: гихт, стрептококна инфекција и дијабетска невропатија. Во овој јубилеен број донесуваме и ексклузивен разговор со еден од најистакнатите специјалисти од областа на гинекологијата, д-р Никола Панчевски од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Скопје. – вели главниот уредник на магазинот „Наше Здравје“, м-р фарм. Марица Угруновска Баткоска.

Зад проектот кој успешно се реализира повеќе две години, стои аптекарскиот бренд „Виа Фарм“, во соработка со Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и „OhridNews“. Во 10-те броеви, колку што се издадени до сега, магазинот „Наше Здравје“, кој излегува квартално,  обработи повеќе од 200 теми од областа на здравството, фармацијата и здравиот животен стил.

Низ нашите страници, со свои видувања за секоја од темите застапени беа повеќе од 100 истакнати специјалисти кои не го штедеа своето знаење, споделувајќи најразлични корисни совети и стручни видувања. Конечно, за овој период, повеќе од 10 000 читатели, имаа можност сѐ она што го истакнавме погоре да го погледнат на преку 400 страници, колку што изнесува збирот на сите десегашни броеви на Магазинот. Настојуваме да едуцираме и да помагаме; да советуваме и да отвораме нови хоризонти; да се грижиме и да споделуваме сѐ што е значајно во функција на унапредувањето на квалитетот на животот на секого од нас. –  додава Угриновска Баткоска.

Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да го најдете во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид и други препознатливи места во регионот.

OhridNews