Мина половина од месец јуни, а температурата на водата во Охридското Езеро и натаму е релативно ниска за овој период од годината. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, утрово температурата на водата во езерото изнесува 17 степени Целзиусови, и е за речиси три степени пониска од просекот за јуни (19,8).

Променливото време, месецов, е причина за релативно пониската температура на езерската вода, а според најавите на синоптичарите и втората половина од јуни нема да донесе повисоки температури на воздухот. Дури во последната недела од јуни се очекува зголемување на дневните температури кои во просек ќе се движат од 19 – 24 степени, а во последните денови од месецот и над тоа.

Г.М.