Фудбалот се претера. Како ќе изгледа фудбалската мапа во наредните сезони. Првенства со помал број на екипи, смалување наместо проширувања, милионски трансфери или мечеви без публика. Според првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, фудбалот треба да доживее тотална трансформација и смета дека спас на фубалот е намалување на лигите.

Мораме сета оваа глобална криза добро да ја проучиме. Сега во моментов е тешко, зашто не знаеме кога ситуацијата ќе се нормализира. Можеби ќе мора да се вратиме еден чекор наназад за да го реформираме фудбалот, можеби треба со поинакви натпреварувања. Би рекол, помалку турнири, ама поинтересни турнири. Но, прво што мора да направиме е да видиме колкава ќе биде штетата, па да најдеме начин да ја санираме, а потоа да мислиме како сè да реорганизираме. –  вели Инфантино.

Десната рака на Силвио Берлускони, Адријано Галијани “екс – Милан“ прави калкулации со големи загуби. Фудбалот е ставен во втор план и така ќе биде подолго време.

Нема смисла сега да се разговара за некакво продолжување на лигата, најважно е здравјето на луѓето во моментов. Да видиме како може да ја рестаритирме земјата која дневно губи по 100 милијарди евра поради вирусот. Едно е јасно, кога ќе излеземе од оваа криза ништо нема да биде како порано. Сметам дека ќе биде тешко да се видат 80 илјади навивачи на Сан Сиро. – изјави Галијани.

Ниту поранешниот прв оперативец на Баерн Минхен, Ули Хенес, не гледа розово на фудбалската иднина. Милионските трансфери смета тој се минато.

Не можам да замислам во блиска иднина дека ќе се реализира трансфер од сто милиони евра. Трансферите ќе бидат значително намалени, а износите нема да може да бидат толку луди како во последните неколку години. – истакна Хенес.

Одговорните лица во медициниските сектори им препорачауваат на клубовите да не се мислат само на финансиите, туку и на здравјето на сите инволивирани во играта со бубамарата.

OhridNews