Две идејни решенија пристигнале до општина Охрид на објавениот Јавен повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро кој беше објавен на 30.08.2021 година, согласно условите на повикот.

Целта на повикот беше вклучување на стручната јавност и граѓаните во процесот на утврдување на активностите и дејствијата за уредување на плажите на крајбрежјето согласно препораките и насоките од Планот за управување со светското природно и културно наследство, препораките на УНЕСКО како и постојните законски прописи. Конкурсот беше анонимен и секој учесник имаше право да учествува со еден труд, велат од општина Охрид.

Пристигнатите решенија ќе бидат предмет на евалуација на стручната комисија и достапни на увид на граѓаните.

Идејно решение број 1

Граѓаните своите сугестии, забелешки и предлози во правец на избор на најсоодветно решение може да ги достават на следната електронска адреса [email protected] со назнака „Идејно решение за плажи“.

Идејно решение број 2

Граѓаните можат да направат увид на комплетната документација на идејните решенија во Општина Охрид со претходна најава на горенаведената електронска адреса, секој работен ден од 15.10.2021 до 21.10.2021 од 08 до 11 часот.

OhridNews