Како ни се подготвени патиштата и граничните премини? Дали туристите на влезот во државата добиваат соодветни информации? Каква е патната сигнализација, каква е комуналната хигиена во туристичките места? Дали спомениците на културата се подготвени за посети на туристи, и како е организирана водичката служба? -ќе бидат дел од прашањата на трибината “Како летово да ги пречекаме туристите?”, која што ќе се одржи утре во Скопје, во организација на партијата за Демократската обнова на Македонија – ДОМ.
-Оваа трибина се организира со цел да се отворат клучните прашања за институционалната подготвеност на Република Македонија за пречек на странските и домашните туристи во текот на овогодинешната летна туристичка сезона-се вели во соопштението на ДОМ.
На трибината ќе говорат Лилјана Поповска, претседател на ДОМ, Зоран Стрезовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ, а свои излагања ќе имаат и претставници од Стопанската комора за туризам на Македонија, Македонија пат, Републички от совет за безбедност во сообраќајот, Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба, Царината и дел од туристичките работници.
Денеска, 5 јули, се навршуваат седумнаесет години од смртта на Сашо Кичеец, познат адвокат, легендарен охридски угостител и еден од основачите на култното кафуле „Mezzo forte“ кое, започна со работ...
Утре со настапот на женскиот аматерски хор „ФРИДА“ од Скопје започнува културно-забавната манифестација „Вевчанско лето 2025“ Настанот ќе се одржи под водство на Сузана Турунџиева – вокален солист ...
На 05072025 година во 03:20 часот, на пресекот на булеварот „Железничка“ со улицата „Егејска“ во Охрид, лишенo од слобода е 43 годишно лице од Охрид При контрола во патниот сообраќај, полициските с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.