Коронавирусот зеде нова жртва во светот на фудбалот. Како последица од заразувањето со вирусот почина најпознатиот навивач на англискиот клуб Чарлтон, Себ Луис. 38-годишниот навивач имаше статус на клупска легенда бидејќи цели 22 години немаше пропуштено ниту еден натпревар на својот омилен клуб. Чарлтон кој се натпреварува во Првата лига во Англија на социјалните мрежи се збогува со Себ Луис.

Беше срце и душа во нашата фамилија. Секогаш беше со нас. Сите сме скршени од болка и тага поради загубата на еден од најверните навивачи на клубот. Благодариме за се и секогаш ќе те споменуваме. – објави Чарлтон на „Твитер“.

Клубот, планира да му оддаде почит на Себ Луис кога ситуацијата со коронавирусот се стабилизира и во нормала се врати животот во целиот свет.

До сега, како последица од заразувањето со коронавирусот починаа млад тренер во Шпанија, екс претеседателот на Реал Мадрид и фудбалски работник во Иран.

OhridNews