Архивот Охрид по повод Денот на Архивот -1 ви Април, овојпеток, со почеток од 11 часот во Тераса „Аквариус“, ќе постави фотографска изложба на која ќе го презентира славењето на „21 март денот на пролетта“ и „1 април – денот на шегата“ од страна на дечињата од училиштата и градинките во градот Охрид во периодот 1955 – 1965 година.

На овој начин сакаме да направиме компарација со некогашното дефиле и денешното кога дечињата од градот Охрид се маскирале дочекувајќи ја пролетта или денот на шегата. – велат од охридскиот Архив.

За посетителите ќе има примероци од книгата „АРХИВ(ИСТИКА) на доц. Д-р. Никола Митровиќ Бабе и примероци од изданието на „Македонски архивист“.

OhridNews