Некогашната традиција и спортско ривалство помеѓу Охрид и Струга деновиве ќе бидат обновени со нов шмек. Во рамки на одбележување на 22-годишнината од осамостојувањето на Република Македонија, на градското пристаниште во Охрид ќе се одигра ревијален ватерполо натпревар помеѓу екипи од Охрид и Струга.
Некогаш овие мечеви беа вистинска атракција, a актерите ден денес се сеќаваат на возбудливите спортски моменти кои се’ уште се прераскажуваат.
За жал ниту Охрид, ниту Струга денес немаат затворен пливачки базен, а со тоа и резултати во пливачките спортови.
OhridNews