Кристијано Роналдо беше централна фигура на реванш мечот од „кралскиот куп“ меѓу градските ривали Реал и Атлетико.

Најдобриот фудбалер за минатата година постигна два погодоци, беше погоден со парича во глава, а имаше еден (не)намарен старт над Манкиља, по кој само среќата го спаси од најлошото.


За стартот, Роналдо заработи жолт картон, а по аут линијата тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне бесот го истури шутирајќи топката во теренот.

Мх.П.