Франческо Тоти две децении е дел од екипата на Рома, стана заштитен знак на тимот и „принц“ на Рим. Клубот за неговата преданост и верност ќе му се одоолжи со тоа што ќе ја повлече десетката од употреба по неговото пензионирање.

Ако во НБА лигата повлекувањето на дресовите е нормално, тоа не важи во фудбалот. Единствени екипи кои повлекле дресови од фудбалски легенди се Милан и тоа од Малдини и Барез и Наполи од неповторливиот Марадона.
Слично збогување од фудбалот можат да добијат уште двајца фудбалери кои целата кариера ја минале во еден клуб,Хавиер Занет и неуморниот Рајан Гигс.
Мх.П.











