Градежните зафати и влажното време што го зафати Охрид во последниот период, ја претвори улицата „Мите Богоески“ во кал.
Не само граѓаните, туку и учениците од Средното економско училиште, мака мачат за да стигнат до училишните клупи.
Во кал не е претворена само улицата туку и околниот тротоар, по кој секојдневно се движат пешаци.
Инаку, градежните зафати на „Мите Богоески“ за поставување на атмосферска и фекална канализација кои започнаа во септември, требаа да завршат до крајот на октомври, но улицата се уште не е вратена во првобитна состојба.