Каланоски се повлекува од функцијата во Охрид 2004
21.10.11 07:30
Извршениот директор на фудбалскиот клуб Охрид 2004, Илче Каланоски се повлекува од функцијата во клубот. Каланоски кој три години е во клубот ја објасна својата оставка.
Каланоски се повлекува од функцијата во Охрид 2004
– За доброто на клубот, кој сакам да оди напред , а притоа јас да не бидам пречка за тој развој на ФК Охрид се повлекувам од фукнцијата извршен директор. Ние бевме неколку луѓе кои успеавме клубот од дното на втората лига, да го извлечеме и да го внесеме во Првата лига. Бидејќи според многумина јас сум бил проблемот, еве во интерес на ФК Охрид ќе се повлечам. Мене не ми е важна функцијата извршен директор, јас сакам клубот да оди напред и сакам да им помогнам на фудбалерите да ги добијат заостанатите плати. Јас останувам лојален на клубот, во никој случај неможам да не го сакам и затоа го направивме овој потег носејќи го српскиот стратег Антиќ со кој сметам дека во иднина ќе имаме успеси – изјави Каланоски.
Во првото коло од плеј-оф фазата тимот на ГКК Охрид ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата Секој поен, секоја одбрана и секоја се...
На стартот од вториот дел од сезоната во Супер лигата, ракометарите на Охрид во салата „Билјанини извори“ во натпревар од 19 коло забележаа висока победа над Прилеп 28:17, полувреме 14:11 Домашните...
Низ серијал стории ви ги претставуваме успешните охридски приказни во изборот на Охридњуз во 2025 година кои се помесетени во 12 издание на Годишната ревија на настани 2025 година на спортска план ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.