Десетина илјади луѓе се евакуирани на северот на Калифорнија поради голем шумски пожар. Загрозени се неколку населби, а засега не е познато дали има жртви или повредени.

Полицијата соопшти дека евакуацијата важи за целиот град Парадајз кој има 27 000 жители и се наоѓа на околу 300 километри од Сан Франциско.

Пожарот се шири брзо поради силниот ветер, сувата трева и ниската влага во воздухот. Над Парадајз се издигнал густ црн чад кој можел да се види од оддалеченост од неколку километри.

Затворен е и автопатот во тој тел, а националната метеоролошка сллужба издаде црвен аларм за опасност од пожарите во повеќе делови на Калифорнија.