Калифорниската пастрмка веќе подолг период се среќава во водите на Охридското Езеро иако нејзиното одгледување во охридско-струшкото сливно подрачје е забрането со Законот за заштита на води.

Како што кажува Наумоски, калифорниската пастрмка се среќавала и пред повеќе од 15 години во езерото а тоа се должи на излевањето на рибниците во соседна Албанија во кои се одгледувал овој вид риба.
„Не е пожелно калифорниската пастрмка да се најде ниту на менијата во угостителските објекти, зашто Охрид е надалеку познат по ендемичната пастрмка“, вели Наумоски.
Според него, заканите по опстанокот на охридската пастрмка започнаа пред дваесеттина години со воведувањето на високите мрежи како риболовен алат со кои директно се уништија матиците како риби, но се раскина и симбиозата помеѓу пастрмката и плашицата.
А.Ристоска












