Калимеро и Црвен крст ќе им помагаат на социјално најзагрозените охриѓани
07.11.08 07:04
На иницијатива на советникот Петре Петрески-Калимеро, Црвен крст Охрид во периодот од 10.11. – 10.12.2008 г. организира акција за собирање на исправни и употребливи апарати за домаќинство, покуќнина, мебел и слично кои ќе бидат распределени на оние наши сограѓани кои живеат во тешки социо-економски услови и имаат потреба и услови за употребување на истите, соопшти охридскиот Црвен крст.
Сите хумани луѓе кои имаат и сакаат да донираат употребливи покуќнина, апарати за домаќинство, мебел и сл. можат да се јават во Црвен крст Охрид (тел. 046 261-909) за да добијат детални информации и остават потребни податоци.
Екипи на Црвен крст Охрид и иницијаторот на акцијата организирано ќе ги собираат донираните производи и складираат на соодветно место, а во текот на месец декември истите ќе бидат распределени, според список на Центарот за социјална работа, на социјално-најзагрозените семејства од Охрид и Дебарца.
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски На средбата се разговараше за тековната состојба на пазарот на недвижн...
Буџет со средства за манифестации, трансакции, фестивали, спорт Тоа е основата која е водечка во извештајот и во овој буџет, а многу малку за реализација на капитални проекти од сопствени средства,...
На 25082025 во 13:20 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Медицински центар Охрид со повреди бил пренесен 16-годишник од Охрид Според пријавеното, тој се здобил со по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.