Инцидентот веднаш бил пријавен во полицијата која по кусо време идентификувала и привала две лица за кои постои сомневање дека биле учесници во инцидентот, а се преземаат мерки за пронаоѓање и на другите напаѓачи.
Оваа година ова е втор пат автобус на вевчанската компанија да биде цел на напад на вандали. Првиот пат тоа се случи непосредно по протестот на муслиманските верници во Струга на кој беше изразен револт поради истакнување на маски на Вевчанскиот карневал со навредлива содржина за исламската религија.