Денеска од 21 часот во црквата „Св. Софија“ ќе настапи камерниот оркестар „Ермитаж“ од Русија, а солистите Александар Гиндин – пијано, Илја Норштејн – виолина, Андреј Бурков – виола и Ана Устјужанина – виолончело ќе изведат дела од Корели, Вивалди, К. Ф. Е. Бах, Хајдн, Бах.

Успехот на „Ермитаж“ може да се објасни со младоста на изведувачите, високото ниво на нивното мајсторство и одбраниот репертоар. Секој од учесниците има сопствена богата уметничка кариера, учествувајќи на меѓународните натпревари и фестивали и остварувајќи солистички концерти во Русија и надвор. Во репертоарот на „Ермитаж“ се делата на композиторите од различни епохи: Бах, Хендл, Телеман, Моцарт, Шостакович, Прокофјев, Пјацола.
Исто така, ансамблот изведува музика создадена специјално за неговите концерти, која е на границите на музичките стилови, комбинирајќи ги џезот, фејт и етно правците. „Ермитаж“ изведува и литературно-музички перформанси со делата од А.С. Пушкин, Н.В. Гогољ, Ф.И. Тјутчев. Ансамблот соработува со ѕвездите на руската и светската сцена: Дмитриј Хворостовски, Елена Образцова, Давид Дениелс, Љубов Казарновскаја, Николај Петров, Игор Бутман, Михаил и Андреј Иванови, Валериј Гроховски, Александар Филипенко, Михаил Козаков и многу други.
„Ермитаж“ редовно остварува турнеи во Русија и Европа, учествувајќи на фестивалите во Летонија, Турција, Полска, Франција, Германија, Шпанија и други земји.
OhridNews











