Камиони кои ги снабдуваат продавниците или угоистителските објекти и службени возила на јавните претпријатија се движат во центарот на градот во време на шпиц, со што предизвикуваат застој, колони и нервоза кај возачите. Една таква слика затекнавме деновиве во центарот каде поради променливото време е зголемена фрекфенцијата на сообраќај. Неколку камиони заглавија помеѓу автомобилите поради што се создаде колона речиси по целиот тек на улицата „Македонски просветители“.

Речиси секаде во светот во туристичките места има јасно пропишан ред кога се врши снабдување на продавниците и угостителските објекти и кога се вршат јавни работи. Тоа најчесто се прави во раните утрински часови, по што е забранет влез на товарни возила во центарот на градот. Слични прописи има и кај нас, но очигледно не се почитуваат.













