Пливачката надеж Димитар Камнаровски освои четири медали во шест дисциплини на турнирот во Нојс, Германија. На турнирот кој беше оддржан на 8 и 9 декември учествуваа 1450 пливачи од три земји Холандија, Германија и Луксeмбург.

Камнаровски во дисциплините (50 грбно, 50 градно и 100 грбно) освои сребрени медали додека со бронзен медал се закити во дисциплината 200 градно.

Во дисциплините 100 метри градно и 200 грбно Камнаровски не успеа да обезбеди место на пиедесталот.

Мх.П.