Пливачката надеж Димитар Камнаровски успеа да поправи уште два лични рекорди на турнирот во Валкенбург.

За 9,3 секунди (2.51.36) го подобри рекордот во 200 метри мешано додека во дисциплината краул побрз беше за 3,7 од личното достигнување (1.08.29).

Одличниот настап во Валкенбург, Камнаровски го заокружи со соборување на уште еден рекорд во штафетата на 4 по 100 метри за цели 11 секунди (4.14.93).

Мх.П.