Охриѓанецот Димитар Камнаровски го освои второто место на трката 100 метри грбно со резултат 1.17.17 со што го поправи својот резултат за 4.4 секунди.

Камнаровски на спидо финалето во Хорст настапи уште во неколку дисциплини: 100 метри градно преплива за 1.32.55 , 400 мрти краул време 5.31.31 сек, 200 метри мешано 2.58 сек.

Со постигнатите резултати обезбеди пласман на финалето до Дордерех на 24 јуни. Тој и годинава најави дека ќе плива на малиот охридски маратон.

М.П.