Под мотото “ Помислете и на нас”, општинскиот Црвен крст по повод денот на гладта, од 16- ти до 22- ри октомври, ќе спроведе кампања за помош на социјално најзагрозените граѓани, кои секојдневно се борат за да се прехранат.

Гладта е најекстремна форма на сиромаштија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна. Иако храната е основното човеково право, сепак стотини милиони луѓе ширум светот секојдневно гладуваат, а секои 3,6 секунди некој умира од глад.

OhridNews