Поради големиот интерес, ЕВН Македонија и АД ЕЛЕМ заеднички ја продолжуваат кампањата  за склучување на спогодбите за плаќање на тужените долгови  за електрична енергија за уште еден месец. 
 
Со цел да им се излезе во пресрет на корисниците кои не успеаја да склучат договори досега, истата можност ќе ја имаат до 31 јануари 2011 год.

Со склучување на спогодбата на корисниците им се овозможува да го платат тужениот долг на рати, без да ја платат каматата која следи и се пресметува по задоцнето плаќање за потрошена електрична енергија.

Тужениот долг, во зависност од неговата висина, домаќинствата можат да го платат на 12 рати без камата, додека бизнис- корисниците (правните лица), тужениот долг ќе може да го исплатат на 6 рати без камата.

Во интерес на граѓаните ЕВН Македонија и АД ЕЛЕМ се откажаа од каматата за задоцнето плаќање која во многу случаи е и неколкукратно повисока од долгот за потрошена електрична енергија.  АД ЕЛЕМ е дел од оваа кампања бидејќи дел од тужените побарувања се однесуваат на периодот пред поделбата на старото интегрирано ЕСМ.

Спогодбите за домаќинства и бизнис потрошувачи (правни лица) се склучуваат во приемните канцеларии на сите Кориснички Енерго Центри (КЕЦ) на ЕВН Македонија, информират од компанијата.

Ohridanews