Авто кампот во Свети Наум и натаму останува  во сопственост на Министерството за одбрана. Овој атрактивен простор и во иднина ќе служи за одмор на воените старешини, истакна вчера во Охрид министерот за одбрана, Зоран Коњаноски.

Во рамки на проектот “Старите касарни за нов развој – Владата за граѓаните“, Министерството за одбрана на општината и ја отстапи касарната „Михајло Апостолски“, каде според најавите ќе биде сместен новиот Универзитет за информатички технологии.