Фудбалската селекција на Канада пред своите гледачи забележа голема победа во соседското дерби со Соединетите американски држави (САД) славејќи со 2-0. Канаѓаните на триумф против САД се немаа израдувано цели 34 години. Последен пат, Канада во дуел со САД славела во 1985 година а чекањето заврши!

Двата голови за победа, Канада ги постигна во второто полувреме откако првиот дел заврши без голови. Прв мрежата на американците ја начна тинејџерот на Баерн Минхен Алфонсо Дејвис. Печат на победата стави Лукас Кавалини со погодокот во судиското продолжение.

Канада со триумфот обезбеди пласман на „Голд купот 2021“ година а моментално имаат шест бодови повеќе од САД во борбата за пласман на завршниот турнир во Лигата на Нации.

OhridNews