Големиот пожар што беснееше помеѓу селата Делогожда и Поум е локализиран и целосно ставен под контрола. Со одлука на владата, во гаснењето на пожарот утрово се вклучиле и специјалните авиони – канадери.
Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од Струга, огнената стихија зафатила околу 30 хектари шума. Населените места не се загрозени. Материјалната штета допрва ќе се пресметува.
Покрај струшката, во гаснењето на пожарот ангажирани беа и противпожарните единици од Охрид и Дебар, на Дирекцијата за заштита и спасување, општината и локалното население.
OhridNews